БиХ го презема претседавањето со Советот на Европа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Босна и Херцеговина денес на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Советот на Европа ќе го преземе шестмесечното претседавање со оваа престижна меѓународна организација.
На состанокот во Брисел се планира собир на 47 министри за надворешни работи ,а претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа од својот белгиски колега Дидие Рандерс ќе го преземе министерот за надворешни работи Игор Црнадак, кој ќе ги презентира приоритетите на БиХ.
Инаку, во сенка на овој голем настан за БиХ се санкциите и лошите оценки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам , поради нејаснотиите во измена и дополнување на Кривичниот законик, во врска со борбата против финансирањето на тероризмот и перењето пари.
БиХ всушност, може да биде доведена до апсурдна ситуација да стане претседавач на Советот на Европа, во време кога една од комисиите на Советот се заканува да ја стави на злогласната листа на некооперативни држави во светот.
Сепак, во Домот на народите на БиХ вчера, само еден ден пред овој важен настан, по итна постапка се усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, откако минатата недела тоа го направи Претставничкиот дом, кој треба да ги задоволи барањата и условите на Манивал.
Инаку, Црнадак претходно изјави декаПретседателството на БиХ со Советот на Европа ја приближува земјата до европската перспектива на Босна и Херцеговина на сите нивоа на власт, и дека еден од приоритетите во текот на шесте месеци ќе биде Конвенцијата за спречување на семејното насилство врз жените.