БиХ и Русија со договор за клириншкиот долг | Правдико

Правдико

   

БиХ и Русија со договор за клириншкиот долг

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Босна и Херцеговина склучи договор со Русија за намирување на долгот во висина од 125 милиони долари од советското време. Босанското министерство за финансии соопшти дека со потпишувањето на договорот БиХ ќе стане единствената поранешна југословенска република на која ќе ѝ биде исплатен долгот во целост.

Се планира средствата да бидат префрлени до крајот на мај, но сѐ зависи од тоа колку брзо парламентот на БиХ ќе го ратификува договорот.

Во 2003 година Русија ја презеде одговорноста за долгот на Советскиот Сојуз кон поранешна Југославија, што е проценет на 1,3 милијарда долари.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико