Правдико

   

БиХ ја поднесе својата кандидатура за членство во ЕУ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, го предаде, во името на БиХ, барањето за членство во Европската унија на министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кендерс.

BiH

Церемонијата се одржа во Брисел, Човиќ изрази задоволство во името на нацијата и граѓаните и ја поднесе кандидатурата за членство, додавајќи дека БиХ исполнила сѐ што имаше ветено дека ќе исполни во минатата година.

Оценувајќи дека пред БиХ сега се наоѓа голема работа, рече дека оваа година ќе биде година на реформи да фати чекор со соседите на БиХ кон европската интеграција, пренесува Фена.

Кендерс го пофали усвојувањето на агендата за реформи и акциониот план и рече дека денешниот чин е, всушност, прв чекор кон членството во ЕУ.

На свеченоста присуствуваше и високиот претставник за надворешна политика и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Федерика Могерини, и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан кои им честитаа на БиХ напоменувајќи дека ова е почеток на напорна работа.

 

Партнери на Правдико