БиХ подигна обвиненија за воени злосторства врз Србите во Ливно
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителството за воени злосторства на Босна и Херцеговина подигна обвинение против тројца поранешни припадници на воената полиција на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) за воени злосторства во кој загинаа повеќе од 300 жртви од српска националност во општина Ливно во 1992 и 1993 година.
Во обвинението стојат Зденко Андабак, Муамир Јашаревиќ и Сеад Велагич за кривично дело – злосторства против човештвото, беше соопштено од страна на Обвинителството за воени злосторства во Србија.
Обвинетите се товарат дека во сеопфатен и систематски напад од страна на воената полиција на ХВО врз српско цивилно население во Ливно, од април 1992 година до јули 1993 година, незаконски уапсиле и мачеле цивили во училиштето “Иван Горан Ковачиќ” и извршиле убиството на 16 лица од српска националност.
Значаен придонес во откривањето на воените злосторства во училиштето “Иван Горан Ковачиќ” во Ливно, даде Обвинителството за воени злосторства и Службата за откривање воени злосторства при МУП – Србија.
Обвинителство на БиХ, во обвинението, предложи сослушување на повеќе од 80 сведоци, од кои некои се уште живеат во Србија, и е придружено со повеќе од 120 докази, во соработката со Обвинителството за воени злосторства на Република Србија, врз основа на протоколот за пренос на докази, стои во соопштението.
Извор:Tanjug