БиХ предупредува дека илјадници џихадисти се враќаат назад кон ЕУ | Правдико

Правдико

   

БиХ предупредува дека илјадници џихадисти се враќаат назад кон ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската унија се соочува со можото враќање на од две до две ипол илјади лица, кои се бореле на страната на терористите во Сирија и Ирак, а овој податок се однесува на сите 28 земји членки, изјавил босанскиот министер за безбедност, Драган Мектиќ, оценувајќи дека тврдењата оти само илјада од нив ќе се вратат во Босна и Херцеговина (БиХ) се несериозни.

isis-nova

Во интервју за телевизијата N1 Мектиќ оценил дека изјавите на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за размерите на терористичките закани во БиХ се неодмерени и неосновани, пренесува Hina.

Мектиќ изјавил дека податокот за две до две ипол илјади потенцијални терористи, кои се закана за ЕУ, бил разменет на неодманешниот состанок на шефовите на безбедносните служби, одржавен на Брдо кај Крањ во Словенија и дека овој податок ги демантира тврдењата на хрватската претседателка.

„Сметам дека тоа е целосно неодмерена и неоснована изјава“, изјавил Мектиќ, додавајќи дека е можно хрватската претседателка намерно да била изманипулирана од некој кој и ги доставил податоците за тоа дека во БиХ би можеле да се вратат илјада потенцијални терористи.

Тој додал дека „не е домашна задача на еден претседател на држава јавно да говори за податоци во врска со тероризам“, бидејќи тоа е работа на безбедносните служби, кои треба да проценат дали некоја информација е веројатна и што треба да се преземе во врска со тоа.

Мектиќ потсетил дека во БиХ од сириското и ирачкото боиште се вратиле 46 лица, од кои 20 веќе се процесуирани. За преостанатите 115 државјани на БиХ, кои според податоците на полициските и разузнавачките агенции се уште престојуваат таму, Мектиќ додал дека „тие најверојатно нема ниту да се вратат во БиХ“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико