БиХ: Самохраните родители бараат Фонд за алиментација | Правдико

Правдико

   

БиХ: Самохраните родители бараат Фонд за алиментација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во еден од Босанските ентитети е направен првиот чекор за основање на Фонд за алиментација.

samohrane-porodice-ajb-promo_0 (1)

Разведени самохрани родители и нивните деца се се побројно население во Босна и Херцеговина. Законот за семејство не ги признава како посебна, слаба група, а избегнувањето на плаќање на алиментација е сеуште  проблем без решение.

Во еден од ентитетите на Федерацијата на БиХ, е направен првиот чекор кон воспоставување на Фонд за издршка на дете, но само на хартија.

Новинар од АлЏазеира Наташа Кристин беше на посета каји Муамер Чијаревич од Здружението за самохрани родители “Еден помалку”, која живее со три деца, кога нивните животи на 25 ноември 2007 година добиваат нова димензија. Со смртта на нејзиниот сопруг таа останува самохрана мајка која мора да се грижи за три деца.

Кога таа одлучи да ги запише своите деца на факултет, никој финансиски не и помогна, при што тоа беше еден од мотивите да собере луѓе кои имаат слични проблеми и да основа здружение. После две години тоа здружение има, има близу 600 членови, но сеуште нема поддршка од институциите кои не им излегуваат во пресрет.

“Целите на здружението се повеќе стратешки – измена и дополнување на Законот за семејство и кривичниот законик. Како? Вклучување на оваа популација и воведување на посебен третман. Основањето на Фондот за алиментација, ќе ја направи државата како трет родител на дететo.” изјавува Чинјаревич

Се повеќе деца од разведени бракови

Во најтешка ситуација се децата од разведени бракови, кои се во се поголем број во БиХ.

Неофицијалната статистика кажува дека дури 80% од родителите избегнуваат плаќање на алиментација. Дело кое тешко се докажува и казнува, а како резултат на тоа самохраните родители тешко живеат.

Федералната влада пред многу години донесе одлука за основање Фонд за алиментација. Задолжи три министерства да го разработат тоа прашање и да изготват решение. До денес решение нема, а Фонд за алиментација во пракса не заживеа.

Идејата е од фондот, односно од буџетот, да се плаќа алиментација во случај родителот кој е обврзан на плаќање е неликвиден. Од министерствата изјавуваат дека цел тој процес не е  едноставен и дека е потребно да се направи анализа за тоа колкав е бројот напотенцијални корисници на фондот, да се направи систем за заштита од злоупотреба.

Извор: АлЏазеира

Препорачуваме

Партнери на Правдико