Билтен на судската практика на Врховниот суд на Република Македонија 2016-2017
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Билтенот за 2016 година се опфатени: еден Заклучок на Општата седница на Врховниот суд. Од областа на казненото право се опфатени: едно правно мислење, две сентенци од областа на казненото процесно право и пет сентенци од областа на казненото материјално право.
Од областа на граѓанското право се опфатени седумнаесет правни мислења, пет заклучоци, една сентенца од граѓанското процесно право, две сентенци од работните односи, една сентенца од облигационите односи и една сентенца во врска со денационализација. Во Билтенот за 2017 година од областа на казненото право се опфатени четири сентенци од областа на казненото процесно право и три сентенци од областа на казненото материјално право. Од областа на граѓанското право се опфатени осум правни мислења, три сентенци од граѓанското процесно право, четири сентенци од работните односи, пет сентенци од облигационите односи и една сентенца за дозволеност на ревизија во вонпарнична постапка.
Од областа на правото на судење во разумен рок се опфатени два заклучоци и осум сентенци. Во Билтените се опфатени одлуки од сите оддели на Врховниот суд со изразено правно сфаќање по конкретно правно прашње од значење за воедначување на судската практика.
Целото издание можете да го погледнете ТУКА