БИРН: За „Скопје 2014“ потрошени се повеќе од 567 милиони евра | Правдико

Правдико

   

БИРН: За „Скопје 2014“ потрошени се повеќе од 567 милиони евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмногу пари за проектот „Скопје 2014“ потрошиле Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи на Владата, бидејќи тие се јавуваат како инвеститори на најкрупните објекти како што се: Музејот на ВМРО, Стариот театар, Уставниот суд, Македонската филхармонија и новиот изглед на владината зграда, објави БИРН во истражувањето „Скопје 2014 под лупа“.

Dokumenti-data-baza-foto-Meri-Jordanovska

Според документите, најскап објект од проектот „Скопје 2014“ е зградата во која се сместени Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј. За неа се потрошени повеќе од 42 милиони евра.

Три милиони евра помалку чини Македонската филхармонија со потрошени повеќе од 39 милиони евра и Стариот театар кој, според документите, од буџетот „зел“ преку 37 милиони евра, за што се склучени 85 договори.

Најголем белег врз „Скопје 2014“ има оставено скулпторката Валентина Стевановска, автор на Портата „Македонија“, „Воин на коњ“, спомениците на плоштадот Филип Втори, „Воинот“, седумте скулптури на мостот Око, Летниковецот, споменикот на Христо Татарчев, „Воинот“ во Гази Баба. Според расположливата документација, Стевановска за изработките на овие дела зела речиси 3 милиони евра, сума во која се вклучени и трошоците за изработката.

Фирмата „Неимар инженеринг“ е втора на листата, по Стевановска, која добила најмногу решенија за архитектонски услуги за клучни објекти. Оваа фирма, според податоците од Централниот регистар е во сопственост на Ана Кедева-Петрова, сестра на познатиот кардиолог Сашко Кедев.

Најскапата фасада, според документацијата на БИРН, е фасадата на Владата, која, според пресметките, чини повеќе од 15 милиони евра, што е трипати повеќе од сите фасади во централното градско подрачје.

„Скопје 2014“ вклучува:

– 132 објекти
– 30 инвеститори
– 117 фирми
– 9 леарници
– 130 автори на идејни решенија

За целиот проект потрошени се повеќе од 567 милиони евра.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико