БИСТА: 8.7 милиони евра годишно се потребни за Битола, Новаци и Могила да добиваат субвенционирана струја | Правдико

Правдико

   

БИСТА: 8.7 милиони евра годишно се потребни за Битола, Новаци и Могила да добиваат субвенционирана струја

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

АНАЛИЗА И ФИНАНСИСКИ ИМПЛИКАЦИИ НА “БИСТА”

Со формирањето на Граѓанската Иницијатива уште во самиот почеток оваа иницијатива најави дека како тим ќе направат анализа и пресметка на финансиските импликации од прифаќањето и воведувањето на БИСТА. Она што ги прави различни од другите е нивната посветеност кон работата, исполнувањето на зададените цели и понуда на реални и практични решенија.

АНАЛИЗА НА “БИСТА”

Врз база на добиените податоци и Годишните извештаи на ЕЛЕМ АД Скопје може да се добие една реална слика за моменталната состојба во која се наоѓаат овие три општини и да се донесат одредени заклучоци.
Анализата се однесува за жителите на територијата на Општините Битола, Новаци и Могила за период од една година во која се гледа дека на оваа територија инсталирани се 49.829 мерни броила од кои 43.480 се за домаќинства, а 6.349 се за индустрија.

На сите овие мерни броила се потрошени 307.790.195 KWh (близу 308 гигават часови), од кои 144.407.080 KWh од домаќинства, а 163.383.116 KWh од индустрија. Вкупната фактурирана вредност со вклучен ДДВ е 1.323.600.400 денари (21,53 милиони €), од кои ниската тарифа е 318.262.053 денари (5,18 милиони €), високата тарифа е 601.401.404 денари (9,78 милиони €), средната тарифа е 8.198.637 денари (0,13 милиони €) и индустриската тарифа е вкупно 395.920.306 денари (6,44 милиони € во вкупна вредност, бидејќи има една иста тарифа, а во податоците се наведени одделно како ниска тарифа со 137.097.341 денари – 2,23 милиони € и висока тарифа со 258.822.965 денари – 4,21 милиони €).

Максималниот капацитет за производство на електрична енергија на РЕК Битола е 700 MWh (мегават часови) или годишно 6.132 GWh (гигават часови), а со оглед на тоа што термоелектраната не работи цело време со полн капацитет, ремонтите и непредвидените дефекти реално произведува во просек околу 525 MWh или годишно околу 4.600 GWh. Потребите на жителите на овие три Општини е близу 308 гигават часови годишно или некаде околу 6,7% од вкупното годишно производство на електрична енергија од страна на РЕК Битола. Ова би значело дека потребната електрична енергија за жителите на овие три Општини термоелектраната РЕК Битола би ја произвела за 25 дена, а останатите 340 дена би произведувала за сите останати жители во државата.

ФИНАНСИСКИ ИМПЛИКАЦИИ ОД “БИСТА”

Врз база на добиените податоци може да се пресметаат финансиските импликации од прифаќањето и воведувањето на БИСТА, но сакам да напоменам дека добиените податоци не се детални, а со самото тоа и пресметките можат да бидат само од информативен карактер. Доколку сакаме точно да ги пресметаме ќе треба да се направат подетални анализи и да се приложат подетални податоци.

Моделот кој го предлагаат во оваа Иницијатива е Целодневна субвенционирана ниска тарифа за домаќинствата и 30% субвенциониран попуст на тарифата за индустрија. Пресметката би се вршела посебно за домаќинства и посебно за индустрија, во 2 одвоени дела:

1. Кај домаќинствата, фактурираната вредност со ДДВ по висока и средна тарифа е близу 10 милиони € и доколку високата тарифа би се заменила со ниска тарифа, тогаш износот би се преполовил на 5 милиони € (10 мил.€ / 2 = 5 мил. €).

2. Кај индустријата, фактурираната вредност е близу 6,44 милиони € и доколку би се пресметал 30% субвенциониран попуст на тарифата би се добило износ од 1,95 милиони € (6,44 мил.€ х 0,3).

Збирната вредност на домаќинства и индустрија би била 6,95 милиони €. Доколку предвидиме дека би се зголемила потрошувачката на електрична енергија како резултат на субвенционираната тарифа од 25%, тогаш би добиле износ од 8,7 милиони € (6,95 мил.€ х 1,25).

ЗАКЛУЧОК: Со прифаќањето на оваа Иницијатива државата ќе треба да одвојува 8,7 милиони € на годишно ниво како субвенција за жителите на овие 3 Општини поради труењето од согорувањето на фосилни горива во термоелектраната РЕК Битола. Сакаме да потенцираме дека не се точни забелешките од типот дека ние за одредена сума на пари во форма на субвенција, прифаќаме и понатаму да бидеме труени и му даваме можност да продолжат со енормното загадување на воздухот. Токму во овој дел, од иницијативата појаснуваат целта е обештетување за огромните штетни последици по човековата околина (воздух, почва, вода) од самото отпочнување со работа на термоелектраната РЕК Битола, па до денес.

Извор: ФБ група 24/7 СУБВЕНЦИОНИРАНА ТАРИФА

Препорачуваме

Партнери на Правдико