Битола – Градот на адвокатурата | Правдико

Правдико

   

Битола – Градот на адвокатурата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advokaturaВо тесна врска со општественото и културното историско минато на Битола, е и  традицијата на адвокатската професија во градот, која низ децениите и вековите привлекува значајни индивидуалци да постанат и останат дел од адвокатскиот живот и професија.

Битола е град на адвокатурата, не само во квалитативна смисла според бројот на жители и бројот на адвокати, туку и во квалитативна смисла според значењето и улогата на адвокатите кои низ различните историски периоди дале придонес во афирмацијата на адвокатската професија. Потврда за оваа теза е напишаното во книгата „Адвокатурата и адвокатите во Битола“ која во 2011 година се промовираше во Битола. Ова издание претставува прво од ваков вид во Македонија, која адвокатурата ја обработува од аспект на неизиното историско, општетсвено, професионално и законско значење.

Во неа, на 216 страници, во 9 глави, се обработени периодите на развојот на адвокатурата и прикажани се поважните биографски податоци за сите оние кои биле или се адвокати во Битола.

Во оваа книга, чии автори се Сотир Главинче и Никола Главинче, објавени се и голем број на фотографии од активностите на адвокатите во Битола, портрети на адвокати и адвокатски собири, кои сведочат за интензивните односи во адвокатурата и нејзината положба како еден од столбовите на правосудниот систем.

Читателот има можност, да заклучи каде била, а каде е денес адвокатската професија во општествениот систем и да се запознае со историски личности кои преку адвокатурата постанале значајни револуционерни, политички и општествени дејци. Преку книгата,  јавноста за прв пат се запознава со определени адвокати, чии имиња беа заборавени, а кои потекнуваат од Битола и кои својот професионален живот го посветиле на адвокатурата.

Детално се обработени периодите на адвокатурата од Хераклеја Линкестис, Османлиското царство, периодот меѓу двете светски војни, перидот од 1945 до 1991 и периодот од 1991 до денес.

Авторите на оваа книга, посакуваат нивниот пример да го следат и другите професии во градот, придонесувајќи за поцелосно истражување на историјата и животот во Битола.  Според нив, истражувањето за адвокатурата и адвокатите е и почит кон сите кои се ангажирале во адвокатурата, но и кон правниците, воопшто.

Рецензенти на оваа книга се проф.д-р Љупчо Арнаудовски, проф.д-р Светомир Шкариќ и адв.Ставре Џиков.

 

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико