Битола: Тинејџер прободен со нож, полицијата трага по сторителот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четиринаесетгодишно момче било прободено со нож во Битола.
Според информациите на МВР, вчера во 23.55 часот во СВР Битола било пријавено дека во Итната медицинска помош бил донесен 14-годишник кој бил повреден со нож во пределот на стомакот.
Малолетникот бил задржан на понатамошно лекување.
Момчето било прободено со нож од непознат сторител на улицата Филип Втори Македонски во Битола. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
Извор: Макфакс