Битолчани со граѓанска иницијатива за почист воздух
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Како што можеби веќе знаете пред некое време поточно на 01.09.2014 год. на социјалната мрежа Facebook е покрената група со цел да се утврди дали во Битола постои и во колкава застапеност аеро загадување, да се детектираат загадувачите доколку истото постои и да се тргне во решавање на проблемот кој веќе подолго време е присутен на територијата на општина Битола и околните општини.
Токму тој проблем беше и причината за покренување на оваа акција која за краток временски период собра многу поддржувачи на социјалната мрежа што е уште еден доказ дека овој проблем е веќе толкав што се повеќе свесни жители на општината и регионот реагираат и го покажуваат јавно своето незадоволство поради истиот и јавно ја искажуваат својата поддршка и нудат помош во решавањето на проблемите и начинот како да се дојде до поквалитетна и почиста животна средина а со тоа и до поквалитетен живот. На сето тоа иницијаторите сакаат уште еднаш да им кажат едно огромно благодарам и да ги поздрават со слоганот, ЗА НАС СЕ РАБОТИ. Ви благодариме.
За да се стигне до решавањето на овие проблеми нормално е дека треба прво да се детектира дали воопшто постои проблем?!
Во последните може да се каже повеќе од година дена во разни медиуми имаше вести за енормното загадување во Битола и околината кое на моменти достигнуваше и бројка по неколку десетици пати над дозволеното. Се појавија и информации за причинителите на истото како и за кондицијата за мерните станици кои треба да го детектираат и покажуваат истото секојднево согласно за Членот 43, од уставот на РМ кој освен што го предвидува правото на секој човек на здрава животна средина, ја утврдува и неговата должност да ја унапредува и штити животната средина и природата. Воедно, содржи и обврска за Републиката (н.з. Република Македонија) да обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина…
Во истиот период излегуваат во јавност и вестите со податоци за се поголемата, алармантно огромната бројка на заболени од малигни заболувања на оваа територија, бројка за која сме сите сведоци и која верувам на сите ни е добро позната и нема потреба од некое дополнително истражување за да се дојде до тој заклучок.
Во меѓувреме никој од надлежните не се потруди да даде некакво решение во однос на санирањето на тие мерни станици или да посочи на некој конкретен загадувач и да проба да тргне во решавањето на проблемите.
Едната или двете мерни станици на територијата на Битола не работат веќе подолго време.
– “Токму овие проблеми нас не натераа да се замислиме и да тргнеме прво да се обидеме да ги разбиеме сите шпекулации во однос на тоа дали во Битола постои некакво аерозагадување и колкаво е истото?” – истакнаа членовите од иницијативниот одбор.
Иницијаторите напоменуваат и најодговорно тврдат дека нивната идеја не е да се создаваат нови или да се потхрануваат шпекулациите од типот дека РЕК Битола или ЕКО Клубот или кој уште не спомнат во сите постови на нивните поддржувачи, се главни загадувачи ниту пак дека некаква нивна луда идеја е затворање на РЕК Битола како што може да се прочита во некои коментари. Тие шпекулации се во најмала рака смешни.
Најсреќни би биле по поставувањето на тие мерни станици да се утврди дека аерозагаденоста во Битола воопшто не постои.
Од ред причини напоменуваат дека не можат да влијааат на изборот на луѓето на каков начин ќе се греат, дали ќе пушат цигари или кога и колку ќе ги возат своите возила, тоа си е нивно право се дури е во рамките на законот, но можат да се погрижат и да допринесат во информираноста во однос на работите кои се регулирани со закон, како што е максималната дозволена загаденост на воздухот.
За таа цел само преку институциите на системот ќе пробаат да го остварат тоа право. Собрани се потписи со цел покренување граѓанска иницијатива чие барање е во најкраток можен рок да се постават неколку мерни станици на места претходно означени и договорени во согласност со експерти. Цените на таквите мерни станици според нивните податоци не би требало да бидат предмет на расправа во споредба со бенефитот кој ќе се добие со нивно набавување.
Со собраните потписи прво ќе побараат средба со градоначалникот и советот кои се надеваат дека ќе им излезат во пресрет за овој проблем кој ги засега сите и нема да мора да се премине во собирање на потребниот број на потписи за покренување на граѓанска иницијатива.
Доколку не наидат на разбирање кај надлежните нивниот следен чекор е токму собирање на потребните потписи за таа граѓанска иницијатива да стане законска.
– “Мораме да ја искористиме оваа прилика да се оградиме од било каква припадност на оваа група и иницијатива и да ги исклучиме сите шпекулации дека таа припаѓа на било која партија, на власта или опозициска, невладина организација или било која друга асоцијација или помагач и е создадена со цел да руши или затвора нешто истакнуваат иницијаторите. Сите понатамошни такви етикетирања ќе ги сметаме за смешни, глупави и со цел деструкција на една благородна и човечка идеја, бидејќи веруваме дека граѓаните се свесни за проблемот и дека ги засега сите без разлика на националност, вера или партија.Никој од нас овде не е за никаква самопромоција, лична корист или цел. Не располагаме со никаков буџет и се е на добрата воља на секој кој сака да ни помогне но само во својство на индивидуалец, а не како што претходно напоменавме како припадник на некое здружување” – напоменуваат иницијаторите.
Администраторите на групата волонтерски трошат многу време на прибирање на податоци, разговори, состаноци, комуникација на ФБ и организација на сите чекори.
На крајот од денот сите разбираме дека единствената идеја која не собра е овој голем проблем и фактот дека ЗА НАС СЕ РАБОТИ. Оваа група е афирмативна и пред неа може да стои само префиксот ЗА.
– “Сакам да кажам дека ние од групата БИТОЛА САКА ЧИСТ ВОЗДУХ се оградуваме од организација на било какви акции кои претходно нема да бидат официјално најавени на нашиот ѕид, во медиумите или на прес конференција организирана од нас,, – истакна еден од иницијаторите.
Идејата за нивните следни чекори сe и организирање на најразлични културно-едукативни настани како трибини по повод аерозагадувањето и други настани од пошироко едукативно и културно значење со цел што поголема информираност на граѓаните за нивните акции.
Порталот ПРАВДИКО целосно ја подржува оваа иницијатива.
–ПРАВДИКО–