Битолчанец обвинет за семејно насилство врз сопругата | Правдико

Правдико

   

Битолчанец обвинет за семејно насилство врз сопругата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Oбвинителството поднесе обвинение против 31-годишно лице од Битола за семејно насилство врз својата сопруга.

Од Обвинителството велат дека битолчанецот во периодот од 18 октомври до 1 декември минатата година, во осум наврати, при вршење семејно насилство и со закани ја загрозил сигурноста на негова сопруга.

„Обвинетиот продолжил да ја пресретнува и да ѝ се заканува на оштетената иако со правосилното решение на Основниот суд Битола од 20.11.2019 година му биле изречени привремени мерки на заштита и тоа: забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство кон оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метра до работното место на оштетената“, велат од Обвинителството.

Притоа, на 28 ноември тој ја пресретнал оштетената, ѝ го одзел мобилниот телефон, ја удрил со шлаканици и клоци и почнал да ја трга за раката. Сопругата паднала на земја и се здобила со телесна повреда – набиеници во пределот на лицето, левата рака и телото.

Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико