Битолскиот полицаец Енвер Тоска осуден на 18 години затвор за убиство на сограѓанин | Правдико

Правдико

   

Битолскиот полицаец Енвер Тоска осуден на 18 години затвор за убиство на сограѓанин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Битолскиот полицаец Енвер Тоска е осуден на 18 години затворска казна за свирепото убиство на својот сограѓанин 36-годишниот Бекир Алили кај прилепското село Беловодица. Тоска на првото рочиште од судскиот процес против него во Кривичниот суд во Прилеп го призна убиството и изрази жалење до семејството на Алили.

Дваесет и петгодишниот Енвер Тоска, според обвинението, на 14 септември минатата година го убил Бекир Алили по што го запалил неговото тело за да ги скрие доказите притоа бил свесен за делото што го сторил. Мотивите за убиството остануваат непознати.

Досега во медиумите се појавија шпекулации дека станува збор за крвав расплет на должничка криза, односно наводно сега осудениот Тоска му должел поголема сума на Алили. Ова е едно од најтешките и најсвирепо извршени кривични дела, убиство од член 123, став 2. Казната за ова кривично дело изнесува минимум 10 години.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико