Битолските адвокати го одбележаа 16-ти Јуни Денот на македонската адвокатура | Правдико

Правдико

   

Битолските адвокати го одбележаа 16-ти Јуни Денот на македонската адвокатура

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со полагање на свежо свеќе пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски Ѕвончарот пред Апелациониот суд во Битола, денес битолските адвокати го одбележаа 16-ти Јуни Денот на македонската адвокатура.

,,77 години независна македонска адвокатура. Во далечната 1945 година по предлог одлука на тогашниот министер за правосудство Д-р Павел Шатев, е формирана Скопска адвокатска комора со надлежноста на федерална Македонија.

По тој повод традиционално како и секоја година, се поклонуваме и положуваме цвеќе пред спомен бистите на познатите правници и борци од Народно ослободителната борба, Никола Тодоровски – Коле Канински и Јосиф Христовски – Звончаро, кој својот живот го дале за слободна и независна Македонија. Спомен бистите се поклон од Адвокатската комора на Македонија подарени на градот Битола во 1980 година. По овој значаен повод исто така го посетуваме вечното почивалиште на Д-р Павел Шатев, кое е на градските гробишта во Св.Недела, на кое исто така положуваме цвеќе во знак на благодарност и почит кон неговото дело.

Адвокатската заедница Битола е прогласена за една од најактивните заедници во нашата држава во склоп на АКРМ. Адвокатската заедница Битола активно преку свои претставници адвокати од Битола учествува во органите и телата на Адвокатската комора и преку истите се залага за подобрување на адвокатурата како професија во нашата држава како и преку предлагање на квалитетни законски измени и решенија за добивање на поголема правна сигурност и заштита на граѓаните на Македонија. Исто така посебно е значајно да истакнеме дека Адвокатската Заедница Битола е активна и на меѓународен план, односно активно соработува со Адвокатската комора од Крагуејвац Р.Србија, каде што непосредно пред овој настан во посета на истата беа неколку адвокати претставници од нашата адвокатска заедница.

Битола е традиционален град на адвокатурата, уште од почетокот на формирањето на адвокатската комора уште во 1945 година биле запишани адвокати од Битола, така да и до денес тој тренд продолжува Битола да биде град на правото, град на адвокатурата и да дава значаен придонес во борбата за правната држава.” изјави Адвокат Иван Рутевски – претседател на АЗ Битола.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико