Битолските адвокати го одбележаа Денот на Македонската адвокатура | Правдико

Правдико

   

Битолските адвокати го одбележаа Денот на Македонската адвокатура

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со полагање на свежо свеќе пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски Ѕвончарот пред Апелациониот суд во Битола, денес битолските адвокати традиционално го одбележаа Денот на Македонската адвокатура.

На одбележувањето присуствуваа и претставници од Нотарската комора како и претседателот на Основниот суд во Битола, Драган Јаковлевски.

Инаку, во 1945 и 1948г. во Списокот на Адвокатската комора се запишале вкупно 38 адвокати, од кои 10 имале седиште на адвокатската канцеларија во Битола.

Овие активности се во организација на Адвокатската заедница Битола и Адвокатската комора на Република Македонија и претставуваат начин да се оддаде и почит кон сите адвокати кои со своето дело и професионална работа придонеле за развојот на адвокатурата и правото, воопшто.

Бистите на адвокатските приправници се подарени на Битола од Адвокатската комора на Македонија во 1981г., кога се поставија и бисти на повеќе учесници во НОБ кои биле ангажирани во адвокатурата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико