Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа била девизен референт и благајничка во фирмите на Камчеви.
На прашање на обвинителката Вилма Русковска, Бошковска одговори дека во декември 2018 и февруари 2019 година вадела поголема сума пари од сметките на Ана Камчева, Ратка Камчева и Христина Камчева. Во три наврати извадила 12 милиони и уште двапати по пет милиони денари.
„Вадев поголема сума од приватните сметки на Ана Камчева и Ратка Камчева. Тие пари требаше да ги претворам во евра“, рече сведокот.
Таа рече дека во февруари 2019 година извадила од сметките на сестрата и мајката на Камчев 18 и 21 милион денари.
„Со обезбедување дојдов во менувачницата и ги претворив во евра. Влегов од задната врата. Парите ги средивме со спецификација по апоени. И си отидов пак од задната врата“, рече Бошковска.
Таа рече дека не го видела ниту еднаш Бојан Јовановски и дека ги видела снимките од броењето на парите. Додаде дека се сеќава оти 80 отсто од парите биле во банкноти од по 50 евра и дека спецификацијата не била по сериски броеви, туку по банкноти.
Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.
Извор: Макфакс