Блер: Шкотска ќе се отцепи ако Велика Британија ја напушти ЕУ | Правдико

Правдико

   

Блер: Шкотска ќе се отцепи ако Велика Британија ја напушти ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ако Велика Британија ја напушти Европската унија, Шкотска тоа ќе го искористи да добие независност, предупреди поранешниот британски премиер Тони Блер, нагласувајќи дека е многу загрижен за престојниот референдум за излез на Велика Британија од ЕУ.

bler

„Ако Велика Британија ја напушти Европа, Шкотска ќе гласа за напуштање на Велика Британија“, рече Блер.

Тој додаде дека ЕУ обезбедува „стратешки и економски“ бенефиции и дека служи како „тампон“ за нестабилни пазари, „како што се индискиот и кинескиот пазар.“

Блер изрази надеж дека сегашниот британски премиер Дејвид Камерон ќе обезбеди поддршка за барањата на реформата на односите со ЕУ, како и за тоа дека гласачите во Велика Британија ќе изберат да останат во Унијата.

Исто така, тој рече дека преговорите за односите меѓу Велика Британија и ЕУ „можност за Европа да ги спроведе потребните реформи.“

Лидерот на Шкотската национална партија Никола Стерџон претходно најави дека нејзината партија ќе се обиде да одржи втор референдум ако Велика Британија одлучи да ја напушти Унијата и дека вториот референдум е „незапирлив.“

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико