Блогер од Струмица затаил милионски приход | Правдико

Правдико

   

Блогер од Струмица затаил милионски приход

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против 22-годишниот Б.Г. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Б.Г. во текот на 2015 година, занимавајќи се со блогерство, остварил приходи кој ги примил преку брз трансфер на пари во висина од 1.221.916 денари.

Со намера да одбегне целосно или делумно плаќање на данок, на која обврска е обврзан со Закон, не ги пријавил остварените приходи со задолжителна годишна пријави во Управата за Јавни приходи на Р. Македонија, со што затаил данок на персонален данок на доход во висина од 122.191 денари, велат од МВР.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико