Блокада околу Собранието, распоредени над 1.000 полицајци | Правдико

Правдико

   

Блокада околу Собранието, распоредени над 1.000 полицајци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓаните сведочат дека е блокиран центарот на Скопје, поточно во околината на Собранието на Македонија.

Присутни се, според слободна проценка на граѓани, околу 1000 полицајци кои се распоредуваат во тој реон.

Покрај ова, граѓаните коментираат и дека дошле околу 80 автобуси за протести.

Околу собраниската зграда се поставени метални барикади, а улиците се затворени за сообраќај. Пред главниот влез на собраниската зграда се поставени шатори на поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Од Собранието пак информираат дека по вчерашните случувања причинета е материјална штета и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ се надвор од употреба. Поради ова, денеска Собранието нема да работи.

– Согласно законската регулатива надлежните институции превземаат чекори за ставање во функција на истите и утврдување на штетата. Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието – велат собраниските служби.

Извор: Нова Македонија

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико