Блокирани граничните премини кон Грција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Почнувајки на 31.05.2017 година од 21:00 часот на граничниот премин Стар Дојран грчката царина ќе отпочне со 24 часовен штрајк, при што нема да бидат пропуштани патнички и товарни возила, односно ќе бидат пропуштани само пешаци.
Со почеток од 00:00 часот на ден 01.06.2017 година грчките царински служби на граничен премин Евзони стапуваат во генерален штрајк кој ќе трае 24 часа. За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција ќе биде во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај ќе функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-тина минути пропуштање).
Со почеток од 07:00 часот на ден 01.06.2017 година ќе почне штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24.00 часот на 01.06.2017 година, а притоа ќе бидат пропуштани само патници кои патуваат пешки додека возилата нема да бидат пропуштани во тој период.