Правдико

   

Блокирани се сметки на „Трансмет“, но не и на ТВ Нова

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Три сметки на фирмата „Трансмет“, како и имотот кој се води под ова правно лице, се замрзнати и блокирани, соопштија од Специјалното јавно обвинителство. Според одобреното решение, не се блокирани сметките на ТВ Нова. Како што вчера беше објавено, судија на претходна постапка од Кривичниот суд го одобри барањето на СЈО за замрзнување на имотот и сметките на бизнисменот и сопственикот на фирмата „Трансмет“, Сеад Кочан.

Според објаснувањето, овие блокирани сметки и замрзнат имот би биле доволно за обесштетување во процесот кој се води против Кочан. Судот изрече и мерка притвор за првоосомничениот во случајот „Труст“ на СЈО, но Кочан над 60 дена како што вели одбраната е на службено патување. Од СЈО рекоа дека се уште немаат информации за потрагата по Кочан.

Истрагата која ја отвори СЈО под име „Труст“, се води против три физички лица и фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани, а се товарат дека со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ, вреден 17.235.772 евра.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико