Правдико

   

Богоевски ги наклеветил Ахмети и Џафери – вторпат пресуди судијата Рустеми

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 26 септември лани, Граѓанскиот суд во Скопје вторпат ги уважи тужбите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот вицепремиер Муса Џафери за сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоевски во врска со случајот „Маѓар телеком“ кога скопска Апелација во 2018 година го врати предметот на повторно одлучување, дознава „Макфакс“.

„На 11.9.2018 година е одржано рочиште за главна расправа по што на 26.9.2018 година е донесена пресуда. Против донесената пресуда е изјавена жалба на 29.10.2018 година“, потврдија од судот за „Макфакс“.

Предметот вторпат го судеше судијата Нухи Рустеми. Апелациските судии лани утврдија дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката. Констатирале дека фактичката состојба со која е донесена пресудата е нецелосна и дека тужбата на Ахмети и Џафери е нејасна.

Јавноста е запозната дека наместо судијката Јованка Спировска-Панева, која според распределбата на системот АКМИС требаше да го суди предметот, судењето падна во рацете на Нухи Рустеми. Според тврдењето на Богоевски, судијката што требало да суди им дала насоки на тужителите да достават дополнителни докази бидејќи во спротивно ќе им ја отфрли тужбата, па потоа била сменета.

Американската Комисија за хартии од вредност го отвори за јавноста исказот на Слободан Богоевски даден во постапката што се водеше против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи, пред судот во Њујорк.

Во него, Богоевски, меѓу другото, тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар телеком“ од по 2,5 милиона евра. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90 илјади евра, но се откажаа од надоместокот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико