Богоевски сведочел за „Маѓар Телеком“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот шеф на тајната служба шест часа бил вкрстено испрашуван од адвокатите на обвинетите за поткуп во процесот во Њујорк истиот ден кога замина во затвор.
Слободан Богоевски, поранешниот шеф на македонската тајна полиција, сведочел во истрагата за поткуп во „Маѓар телеком“, објави интернет-порталот „Мејн џастис“ (Main justice), специјализиран за инсајдерски вести поврзани со активностите на американското Министерство за правда, вклучувајќи и 94 канцеларии на правобранителите во САД. „Утрински весник“ успеа да дојде до текстот, во кој се вели дека „федерален судија во Њујорк ќе го дозволи писменото сведочење на поранешниот шеф на македонската тајна служба според Актот за странски коруптивни практики во судењето на тројца поранешни извршни директори на унгарската телекомуникациска компанија“. Судијата смета дека проблемите со писмените сведоштва не влијаат негативно на сведочењето.
„Во одлуката од 11 август која беше обелоденета во понеделникот, американскиот окружен судија Ричард Саливан, изјави дека обвинетите Андраш Балог, Елек Штрауб и Тамаш Морваи – поранешни извршни директори на ’Маѓар телеком АД‘ – имале доволно информации и време да извршат вкрстено испрашување на Слободан Богоевски, кој во моментов е на издржување на затворска казна во Македонија по обвинение за перење пари што не е поврзано со обвиненијата против триото“, се вели во информацијата.
Според судијата Саливан, попроблематично било одбивањето на Богоевски да одговори на четирите прашања поставени од адвокатите на одбраната и тоа што почнал да ја издржува затворската казна истиот ден кога било сведочењето. Вообичаено, судијата вели дека ќе му нареди на сведокот да одговори на прашањата во друго сведоштво, но ако Богоевски не е во можност повторно да сведочи, судот може да му наложи на иследникот да извлече заклучок дека тој би одговорил на поставените прашања поволно за обвинетите.
Судијата Саливан смета дека не мора да се исклучат сите сведоштва на Богоевски, за кои вели дека биле во согласност со федералните правила за граѓанска постапка – и покрај противењето на обвинетите.
„Обвинетите сакаат да ги свртат работите во своја полза, тврдејќи дека судот треба едноставно во целост да го поништи сведоштвото на Богоевски“, вели тој во одлуката. „Но, како и со повеќето прашања покренати врз основа на федералните прописи, судот не е ограничен само на такво ’се’ или ништо‘ решение.“
Информациите на Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ) и адвокатите на одбраната кои полемизираат за и против овозможување на Богоевски да сведочи, беа обелоденети во средата. Обвинетите во февруари ги нагласија неколкуте проблеми со сведочењето, наведувајќи дека не биле соодветно известени за писменото сведоштво и „затоа се без приговори во реално време или вкрстено испрашување, па дури и во присуство на обвинетите“.
„Во мај, СЕЦ се спротивстави на предлогот на обвинетите, тврдејќи дека сведоштвото на Богоевски пред регулаторите е во согласност со правилата за граѓанска постапка. Адвокатите на СЕЦ веднаш ги информирале обвинетите за нивната намера да го сослушаат Богоевски, за кој рекоа дека бил клучен „непосреден сведок“ за наводните злоупотреби на обвинетите од „Маѓар телеком“. На тимот на одбраната му беа дадени шест часа за вкрстено испрашување на сведокот, кој беше кооперативен, соопштија властите“.
Минатата недела, како што се наведува во текстот, и двете страни напишале писма до судијата Саливан, во кои ги објавиле своите права на спротивен став во однос на законот за застарување на случајот, релевантноста на имејл-комуникацијата за меѓудржавна трговија и надлежноста на американските судови да го разгледаат случајот.
СЕЦ го дотера случајот со дополнета жалба минатата година, отфрлајќи ги обвинувањата дека обвинетите подмитиле владини службеници во Црна Гора. Изменетата жалба ги товари поранешните извршни директори за овластување на давање мито на владини претставници во Македонија, во замена за прописи дизајнирани да му наштетат на конкурентот.
„Маѓар телеком“, најголемата телекомуникациска компанија во Унгарија, заедно со матичната компанија „Дојче телеком АГ“, постигнаа спогодба во вкупна вредност од 95 милиони долари со СЕЦ и американското Министерство за правда во декември 2011 година, за наводната корупција во Македонија и во Црна Гора. СЕЦ истовремено покрена граѓански тужби против Штрауб, Балог и Морваи, наведувајќи дека тие „ги организирале“ двојните интриги, стои во информацијата.
Извор: Утрински Весник