Болничар украл накит од пациентка која починала | Правдико

Правдико

   

Болничар украл накит од пациентка која починала

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Болничар во охридската болница украл златни обетки и златен прстен од пациентка која починала и се обидел да ги продаде во златарница.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С. (46) од село Коњско, Охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување”.

„Пријавениот, вработен како болничар, на 5 овој месец околу 11.25 часот во интерно одделение, откако била констатирана смрт на Т.Ј. (81) од Охрид, одзел пар златни обетки и златен прстен. Истиот ден околу 14.30 часот во златарница пријавениот ги понудил на продажба обетките и прстенот, но вработена, којашто била внука на оштетената, ги препознала“, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико