Правдико

   

Болтон: Меѓународниот кривичен суд е нелегитимен

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Соединетите држави се заканија со воведување санкции против судиите и обвинителите на Меѓународниот кривичен суд доколку гонат Американци, Израелци или други сојузници на Вашингтон.

„Ќе им забраниме на тие судии и обвинители влез во САД. Ќе преземе санкции против нивниот имот во американскиот финансиски систем и ќе покренеме судски постапки против нив во нашиот судски систем“, изјави Џон Болтон, советник занационална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој го обвини Меѓународниот суд кој е задолжен да суди за воени злосторства и злосторства против човештвото, дека е нелегитимен и оти САД нема да соработува со него. Вашингтон не е член на овој суд.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико