Бомбашот во метрото во Санкт Петербург осуден на доживотен затвор | Правдико

Правдико

   

Бомбашот во метрото во Санкт Петербург осуден на доживотен затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Аброр Азимов е прогласен за виновен за терористичкиот напад на 3 април 2017 година кога експлодира бомба во метрото во Санкт Петербург и е осуден на доживотен затвор, пресуди денеска Вториот воен суд на Западниот округ.

„Аброр Азимов е осуден на доживотен затвор“, рече судијата Андреј Морозов, пренесува ТАСС.

Судот исто така осуди уште десет лица на казна меѓу 19 и 28 години затвор за нападот, објави „Интерфакс“.

Сите 11 осомничени се изјаснија за невини.

Во терористичкиот напад во 2017 година во Санкт Петербург загинаа 15 лица.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико