Бомбите ќе се користат како докази и во „Титаник“ | Правдико

Правдико

   

Бомбите ќе се користат како докази и во „Титаник“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелациониот суд одлучи прислушуваните разговори да се користат како докази во судската постапка во случајот што го отвори СЈО за изборни нерегуларности – „Титаник“.

Вчера се одржа јавна седница во повисокиот суд, на која се појавија ексминистрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кои рекоа дека се жртви на прислушување и побараа бомбите да не бидат користени како докази во постапката.

СЈО поднесе жалба кога кривичниот суд на 20 октомври ги отфрли прислушуваните разговори како доказ за „Титаник“. Во овој случај, освен Јанкиески и Јанкулоска, обвинети се и Никола Груевски и Мартин Протоѓер.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико