Борбата на нотарите е за 11 милиони евра | Правдико

Правдико

   

Борбата на нотарите е за 11 милиони евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

F1E12CE69356A640986EC94AE401847AПоголема правна заштита на граѓаните без дополнителни трошоци. Вака првиот човек на Адвокатската комора, Никола Додевски, ги оценува најавените измени на Законот за нотаријатот со кои се предвидува дека за одредени работи граѓаните ќе мора да имаат адвокат, а кои во јавноста отворија „војна“ меѓу адвокатите и нотарите.

Тој објаснува дека сега според законот, граѓаните и компаниите се обврзани одредени приватни договори задолжително да ги склучат во форма на т.н. нотарски акт, но дека нотарот не може да ги советува странките, туку едноставно дава готов акт, кој странките го потпишуваат. „Но, во суштина тие договори се работа на адвокат, а нотарот треба само да им даде својство на јавна исправа. Адвокатот е тој што не само што ќе го состави документот туку и ќе ја советува странката за подобро да го оствари својот интерес поради кој влегол во правната работа. Затоа со измените предложивме за нотарски работи чија вредност е над 10.000 евра, за оставините и за хипотеките задолжително да учествува адвокат како застапник на странките и тоа за истите пари кои сега граѓаните ги плаќаат само за солемнизација кај нотарот“, вели Додевски за „Дневник“

Што ќе се добие кога некоја странка ќе се појави со адвокат пред нотар?

– Со ова, странката ќе биде сигурна дека тоа што го сакала успеала да го постигне со нотарскиот акт и другите форми на договори. Сега, нотарот на глас го чита нотарскиот акт пред странките (или барем би требало да го чита). Со едно читање се сомневам дека кој било од граѓаните ќе го сфатат правното значење и какви последици можат да настанат. А адвокатот ќе разбере и ќе може да интервенира ако нешто не е по волја на странката. Ова е особено е важно кога граѓаните склучуваат договори со банки, лизинг-компании, осигурителни друштва… Ако настанат одредени проблеми, солидарно одговорни за нотарскиот акт ќе бидат и нотарот и адвокатот.

Тогаш што е проблемот што нотарите, кои првично ги поддржаа измените, сега велат дека се работи за обид за одземање на нивните ингеренции? Велите дека единствена причина што сега го напаѓаат решението е тоа што не сакаат никој да им се замеша во колачот?

– Воопшто не се работи за одземање на надлежностите. Напротив, тие ги задржуваат надлежностите, кои претходно беа исклучиво на адвокатите или на судовите. Апсолутно тврдам дека драстичната промена на нивниот став е исклучиво затоа што Владата и ние како Адвокатска комора зазедовме став дека трошоците за адвокатот нема да паднат на товар на граѓаните, туку ќе добиваат половина од нотарската тарифа. Kакво рушење на латински нотаријат или слично. Само на Балканот се говори за такво нешто. Тие добија огромни надлежности во минатото само во транзициските држави оти судовите беа неефикасни, па оправдувањето беше дека ќе се растоварат со тоа што судски надлежности ќе им бидат делегирани на нотарите. Минимален е бројот на европските држави, покрај овие од Западен Балкан, каде што нотарите имаат типично судски надлежности, а обиди за преземање на надлежности има перманентно.

Kолку пари вратат нотарите, што толку многу се против решението?

– Минатата година, според наши сознанија, од нотарски работи бил остварен приход од околу 11 милиони евра, кој го делат околу 180 нотари (за споредба 2.500 адвокати годишно од својата дејност минатата година оствариле околу 9 милиони евра), па сега видете од што не сакаат да се откажат.

Kатерина Нешкова

НИ ДОВЛЕЧКАА ГЕРМАНСКИ ПИСАР ЗА ДА ЛОБИРААТ ПРОТИВ ЗАКОНОТ

Рихард Бох, од нотарска комора на Германија, пред два дена беше дециден дека никаде во светот нема пракса адвокатите задолжително да бидат вклучени во нотарската постапка….

– Тоа е дел од кампањата на нотарите, која почна со дезинформации. Потценувањето на државата и на интелигенцијата на домашните правници е да се лобира против ваквото решение преку германски писар, кој дава изјава дека „на адвокатите не им е место кај нотарите“. Тоа што тврди дека го нема во светот го има токму во неговата татковина во која околу 7.500 адвокати вршат и нотарската работа како своја споредна професија, а на 1.600 тоа им е самостојна професија. И сега тој лобист доаѓа во Македонија и ги премолчува тие факти. Пред да се нафати за лобирање можел да го прочита нашиот Устав, каде што е утврдено дека на адвокатите работата им е да ги штитат правата и интересите на граѓаните, а кога ги фалел нашите нотари, можел малку да проврти и весници за да прочита за најголемите македонски афери во чија основа беа нотари, како оние за „Бачило“, „Изгрев“, „Фиком“… Можел и да ја прочита изјавата на самата Нотарската комора дека над 20 проценти од нотарите се дисциплински казнети.

Kазнети се 35 нотари од вкупно 180 нотари. Замислете да беа 20 отсто од судиите казнети, ќе се распаднеше судскиот систем. Дали писарот со амбиции да советува влада слушнал за САД, најголемата економска светска сила, која сосема успешно функционира и без воопшто да има нотаријат? Или му недостигаат информации за правото на Англија и Велс, каде што нема нотари, туку продажбите и с` друго го вршат адвокатите-солицитори? Или за Финска, во која нотарите не составуваат воопшто никави договори или акти? Со ваков недостиг од информации германскиот писар можеби замина да лобира против адвокатите кај министерот за правда?

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико