Борел ги повика членките на ЕУ да најдат заедничка основа за забраната за визите за Русите | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Борел ги повика членките на ЕУ да најдат заедничка основа за забраната за визите за Русите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги повика 27-те членки на ЕУ да најдат компромис за тоа дали да се забрани издавањето туристички визи за Русите како санкција за неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина. Зборувајќи денеска, при пристигнувањето на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Прага Борел рече дека „ќе мора да се постигне договор и политичка одлука“. „Ќе работам за единство. Не можеме да си дозволиме да изгледаме разединети во толку важна работа, а тоа се односите меѓу луѓето, меѓу руското општество и европскиот народ“, рече тој.

Прашањето за ограничување на визите за Русите се засили меѓу некои земји од ЕУ во последниве денови, но мора да има договор межу сите 27 членки на блокот со цел тој да стане најновата санкција против Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Земјите кои ги делат границите со Русија – балтичките држави, Полска и Финска – го предводат барањето за порестриктивни забрани за визи за руските туристи. Поради забраната за авиопревоз од ЕУ на летовите од Русија, повеќето патници ги користат своите копнени граници за да патуваат во други земји на ЕУ.

Германија и Франција ја водат другата страна на дебатата, велејќи дека ограничувањето на визите за Русите би било контрапродуктивно, бидејќи ЕУ се обидува да се бори за „срцата и умовите“ на оние Руси кои не ја поддржуваат агресијата на Москва против Украина. Киев побара блокот да го забрани издавањето визи за сите Руси, освен за политичките неистомисленици.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико