Борис Џонсон доби забрана да доаѓа на работа со велосипед | Правдико

Правдико

   

Борис Џонсон доби забрана да доаѓа на работа со велосипед

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скотланд Јард му забрани на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон да доаѓа на работа со велосипед, поради опасност од тероризам или обид за атентат врз него, па од сега тој ќе мора да користи службено возило, објави „Дејли Мејл“.

02112016102042_web_boris_johnson_bike

Британскиот министер за надворешни работи неодамна се пресели од квартот Излингтон во источен Лондон во куќа близу Бакингамската палата. Тој е познат љубител на велосипеди, но и застапник на теоријата дека превозните средства на две тркала би го елиминирале метежот во Лондон.

Сепак, државните безбедносни служби одлучија дека тоа не е безбедно за него самиот, со оглед на високата функција што ја има, наведува весникот.

Додека беше градоначалник на Лондон, Џонсон редовно одеше со велосипед на работа, како и на деловните средби.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико