Борис Тадиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН | Правдико

Правдико

   

Борис Тадиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот српски претседател и лидер на Социјадемократската партија Борис Тадиќ планира да се кандидира за генерален секретар на Обединети нации, објави белградскиот весник „Вечерње новости.“

31072015113047_BorisTadic

Според неофицијални информации од дипломатски извори Тадиќ ги користи старите врски и лобира за својата кандидатура, а неодамна побарал поддршка и од Франција.

Советничката на Тадиќ, Марина Комад изјави дека таквите информации се медиумски шпекулации.

– Борис Тадиќ не размислувал за кандидатура за генерален секретар на ОН. Неговата политичка активност е насочена пред се кон внатрешната политика и опозициското дејствување, посочи Комад.

Извори: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико