Правдико

   

Босанец го тужи „Фолксваген“, бара 750 милиони долари отштета

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Босанскиот стопанственик Нијаз Хастор, сопственик на компанијата за производство на автоделови „Превент“, го тужи германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ под обвинение дека ја нарушува слободата на пазарна конкуренција и бара отштета во износ од 750 милиони долари, пренесува порталот „Новац.хр“.

Во тужбата се наведува дека „Фолксваген“ ги уценува малите добавувачи, користејќи ги својата моќ и големина да ги принуди на нефер работни услови и цени на услугите, како она дека на малите добавувачи им се забранува да го продадат својот бизнис на поголемите компании на добавувачи за да остварат подобра преговарачка позиција.

Тужбата поднесена во судот во Детроит се однесува конкретно на седум помали добавувачи на автомобилски делови за „Фолксваген“  во сојузната држава Мичиген, кои со договор се  спречени својот бизнис да ѝ го продадат на друга компанија.

Хастор тврди дека тие договори со помалите добавувачи „Фолксваген“ ги склопува исклучиво за да ја оневозможат неговата компанија „Превент“, која се специјализирала за производство на автонавлаки, во понатамошни аквизации.

„Превент Група“ се развила токму благодарение на преземањето такви помали добавувачи на „Фолксваген“ низ светот.

Судејќи според информациите, Германците добро го познаваат Хастор, со кого соработуваат во последните 20 години. Во последниот судир меѓу „Превент“ и „Фолксваген“ во 2016 година, германските фирми-ќерки на „Превент“, „Кар Трим“ и „ЕС Аутомобилгус“, кои произведуваат кожни навлаки и кутии за менувачот, ја прекинаа испораката за „Фолксваген“, што го запре германското производство на автомобили една недела во најмалку половина од нивните погони.

Прекинот уследи откако „Фолксваген“ не сакал да му исплати на Хастор 58 милиони евра отштета, а потоа „Превент“ и „Фолксваген“ постигнаа нов договор за продолжување на испораката за уште шест години.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико