Босанската полиција уапси лица осомничени дека оделе за Сирија | Правдико

Правдико

   

Босанската полиција уапси лица осомничени дека оделе за Сирија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Безбедносните сили на Босна и Херцеговина (БиХ) на 18-ти февруари уапсија седум лица осомничени за врски со терористичката организација Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ).

Босанското обвинителство соопшти дека лицата биле членови на радикални верски движења и дека некои биле на пат да им се приклучат на борците на ИСИЛ во Сирија.

Action Damask arrests 3

Едно 19-годишно момче и уште еден маж во свои доцни 20-ти години беа уапсени на Сараевскиот аеродром на пат кон Истанбул.

Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) ги уапсија другите осомничени во Сараево, Маглај, Бузим, Велика Кладуша и Зеница. Безбедносната чистка беше дел од Операцијата Дамаск, која започна во септември за запирање на терористичките регрутации и финансирања.

Обвиненијата против седумте мажи вклучуваат учество во странски паравоени формации, изјави за SETimes портпаролката на СИПА, Кристина Јозиќ.

Рамиз Ибрахимовиќ и неговиот син Алаудин беа меѓу оние кои наводно планирале да заминат за Сирија. Ибрахимовиќ беше уапсен минатата година како дел од Операцијата Дамаск. Обвинет дека се борел со силите на ИСИЛ во Сирија, тој подоцна беше ослободен од притвор.

Апсењата ја шокираа заедницата, со оглед на тоа што Алаудин Ибрахимовиќ е инвалид. Пред петнаесет години, кога имал 8 години, тој ја изгубил едната рака и едното око во експлозија на бомба.

„Тоа семејство беше почитувано во маглајската исламска заедница“, рече поранешниот градоначалник на Маглај, Џевад Галијашевиќ.

„И покрај својот инвалидитед, Алаудин беше одличен ученик кој научи да пишува иако нема раце“, рече Галијашевиќ за SETimes.

Случајот на семејството Ибрахимовиќ покажува дека земјата мора да направи повеќе за да ја запре радикализацијата на локалните исламски верници, рече тој, истакнувајќи дека осомничените живеат во близина на Осве, кој е „населен со припадници на салафистичкото движење“.

„Само погледнете на Интернет и ќе видите дека е полн со сајтови со радикална исламска пропаганда … Државата мора да ги забрани тие Интернет сајтови, зашто се на нашиот јазик, кој сите го разбираат“, додаде Галијашевиќ.

На 19-ти февруари СИПА објави дека борбата против тероризмот ќе ја направи свој врвен приоритет.

Ќе се формира специјален тим кој ќе работи исклучиво на борбата против тероризмот. Единицата ќе вклучува професионалци со специјална обука и искуство во случаи поврзани со тероризам.

„Агенцијата ќе ги преземе сите неопходни чекори за бескомпромисна борба против тероризмот. Свесни сме дека нема друг начин“, рече директорот на СИПА, Горан Зубац.

Извор: SETimes

Препорачуваме

Партнери на Правдико