Бошковски требало да сведочи против Грујевски, рочиштето закажано за понеделник
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот началник во УБК Никола Бошковски требало да биде сведок на Специјалното јавно обвинителство против Горан Грујевски во случајот „Тврдина 2“, беше кажано на денешното рочиште. Наместо тоа, двајцата се во бегство веќе два месеци.
Судијката Лидија Петровска го закажа следното рочиште за 2 октомври, понеделник. Обвинителката Ленче Ристовска најави дека ќе бара на Грујевски да му се суди во отсуство.
На денешното рочиште првпат се појавија тројца сведоци на СЈО.
Пораншениот началник на Петтата управа на МВР Горан Грујевски е обвинет за палење на доказите за нелегалното прислушување.
Ниту судот ниту СЈО не добиле известување од МВР за тоа дали Грујевски ќе биде достапен на органите на прогонот. Добиле уверување дека во текот на неделава ќе бидат известени.
Извор: Нова Македонија