Бошњаковски: МВР е вклучено во предистрагата за снимените разговори на обвинителите | Правдико

Правдико

   

Бошњаковски: МВР е вклучено во предистрагата за снимените разговори на обвинителите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи целосно е вклучено во предистражната постапка за снимените разговори од фиксните телефони на обвинителите во Основното јавно обвинителство, изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

„Владата остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури. Владата очекува дека институциите ќе посветат максимални капацитети во истрагата, дека ќе се расчисти настанот и дека јавноста ќе биде веднаш и целосно информирана“, рече тој.

Бошњаковски рече дека одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница.

„Владата исто така ги става на располагање на ОЈО сите капацитети со кои располагаме доколку е истото побарано и потребно“, истакна тој.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико