Бошњаковски: Владата очекува почитување на меѓународните стандарди за екстрадиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За екстрадицијата на поранешните началници во УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски од Грција, македонската Влада очекува дека ќе се испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди и дека целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.
– Би сакал да Ве упатам прво до Министерството за правда кое е надлежно за екстрадицијата и ја води постапката. Второ, очекувањата се дека ќе се испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди во вакви случаи и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови за вакви постапки, изјави Бошњаковски.
Од министерството за правда во текот на денот се очекува да отпочне со собирање на целата документација за постапката за екстрадиција, откако вчера попладне МВР доби известување од Интерпол – Атина дека лицата Никола Бошкоски и Горан Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница, биле приведени во Солун.
Во следните 40 дена министерството за правда треба да ја обезбеди потребната документација за екстрадиција на двајцата обвинети бегалци. Македонија и Грција немаат билатерален договор за екстрадиција, но соработуваат врз основа на старите договори потпишани во времето на СФРЈ, како и врз основа на Хашката конвенција. Дотогаш, Грујевски и Бошковски ќе бидат сместени во екстрадиционен притвор.
Извор: Макфакс