Бошњаковски: Власта и опозицијата со различни ставови за законот за СЈО | Правдико

Правдико

   

Бошњаковски: Власта и опозицијата со различни ставови за законот за СЈО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Постојат серизони разлики меѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ, кое бара СЈО да биде посебно одделение, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

ВМРО-ДПМНЕ до утре треба да ги достави предлозите во врска со законот за специјалното јавно обвинителство, а задутре е закажана нова средба меѓу Владата и опозицијата на која ќе се разговара за разликите по ова прашање.

Бошњаковски истакна дека за Владата предлог-законот е најсоодветно решение и сметаат оти треба да се имплементира без одолговлекување.

Владиниот портпарол потврди и дека грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе дојде во Скопје, но не го прецизира датумот за посетата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико