Бошњаковски: Законот за знамиња мора да се почитува, прекршувањето се санкционира | Правдико

Правдико

   

Бошњаковски: Законот за знамиња мора да се почитува, прекршувањето се санкционира

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По настанот во Охрид кога фолклорна група развеа албанско знаме на Самоиловата тврдина, а откако вицепремиерот Бујар Османи изјави дека знамето на Албанија може да се постави било каде, а за тоа нема да има последици, од Владата велат дека законот мора да се почитува.

„Во однос на Законот за употреба на знамињата, одредбите се јасни. Се што е утврдено во законот, треба да го почитуваат сите. Во однос на настанот во Охрид, таму имаме судска одлука, а Владата не коментира судски одлуки. Но, бидејќи, судската одлука е таква, каква што е, очигледно е дека има некои прекршувања на законот“, вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Од Владата велат дека според судската одлука, очигледно е прекршување на законот.

„Очигледно дека секое прекршување на Законот за употреба на знамињата, ќе биде санкционирано. Онаму каде е дозвлоено, е дозволено, без разлика за кои знамиња станува збор“, вели Бошњаковски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико