Правдико

   

Босна на нозе: се трага по опасен убиец, распишана награда од 25 илјади евра

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на кантонот Сараево објави дека ќе се додели награда од над 25 илјади евра за информација во врска со избеганиот опасен убиец по кој се трага веќе осум дена. Един Гачиќ, кој е роден на 1 септември 1976 година во Бања Лука, а живее во селото Брѓани, општина Коњиќ, уби две лица по што се даде во бегство. Според надлежните, станува збор за опасен убиец за кој веќе осум дена нема никаква трага.

Беа пребарувани многу напуштени објекти и други места каде што тој би можел да се скрие. Се проверуваа сите возови и железнички станици.

„Добивме многу важна информација, се надевам дека тоа ќе вроди со плод, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Адмир Катица, министер за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Полицијата добила голем број јавувања за потенцијални локации каде што Гачиќ можел да се скрие, а повеќето од нив се од општините Хаџиќи и Илиџа. Во Хаџиќи во понеделникот имаше многу помалку деца во училиштата поради стравот на родителите да не се крие убиецот во нивната област.

По убиството на Сауд Султаниќ пред осум дена, Гачиќ избега по што го уби полицаецот Махир Бегиќ, кој бил на должност. Според медиумите, тој како малолетник ги убил и мајка си и нејзиниот љубовник.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико