Брачен пар од Прилеп незаконски наплатиле “консултации“ за околу 90.000 евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против К.М. (58) од Прилеп, порано управител на „Берлин Компани“ ДОО Прилеп за сторени кривични дела „неовластено примање подароци“ по член 253, „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 10 и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, како и против неговата сопруга Е.М. (52) од Прилеп за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273став 10 во врска со став 2 од КЗ на Р.М
Пријавениот К.М. во периодот од 2008 година (кога бил вработен како управител на Берлин Компани ДОО Прилеп) преку вршење на „консултантски услуги“ врз основа на два договора за консултантски услуги со правните лица од Скопје (синџири за малопродажба), побарал и примил „подарок“ парични средства во износ од 90.000 евра со што ги запоставил интересите и предизвикал штета на Берлин Компани за сумата која ја примил. Овие средства K.М. ги примил во име на правното лице на лична сметка и дел ги искористил на тој начин што со вршење на повеќе трансфери ги префрлил на сметката на својата сопруга, пријавената Е.М. за купување на недвижности (два деловни објекти) сопственост на Берлин Компани, а дел за купување на стан на име на неговата ќерка. При продажба на деловните објекти сопственост на Берлин Компани, првопријавениот ја искористил службената положба како управител на Берлин Компани да за себе и својата сопруга прибави имотна корист на штета на правното лице со кое управувал, во вкупен износ од над 30.000.000 денари. Исто така К.М. во период од 2007 до 2011 година преку поднесување невистинити податоци, фалсификувани Изјави за законско застапништво, кои не биле Нотарски заведени, спротивно на Законот за трговски друштва, станал законски застапник на повеќе од една четвртина (сите физички лица и 17 правни лица) од вкупниот број на иматели на удели во друштвото Берлин Компани ДОО Прилеп.
Во врска со склучените Договори за „консултантски услуги“ со правните лица ( првиот на 03.04.2008 година во износ од 30.000 евра и вториот на 21.07.2009 во износ од 60.000 евра), К.М. бил „задолжен“ да пронајде атрактивна локација за потреби за отварање маркет, истиот всушност не направил никаква „услуга“ затоа што на двете правни лица им го понудил деловниот простот сопственост на Берлин Компани ДОО Прилеп и тоа за месечна закупнина во износ од 4.000 евра за првата компанија и месечна закупнина во износ за само 100 евра за втората. Паричните средства за склучените Договори за консултантски услуги му биле уплатени нему на лична сметка за деловен простор кој бил сопственост на правното лице со кое тој управувал. Овие средства тој потоа во неколку наврати ги префрлал на лични сметки во повеќе македонски банки и орочувал депозити, а дел ги уплаќал на сметките на неговата сопруга.
Во 2010 година К.М. од овие средства повлекол 31.147 евра од кои на сопствена денарска сметка префрлил 2.490.750 денари кои ги уплатил на физичко лице по однос на Нотарски Акт за склучен купопродажен Договор за купување на стан во Скопје, во сопственост на неговата ќерка.
Во 2013 година врз основа на донесена Одлука за престанок на содружнички однос на едно првано лице- Колекс Компани на Собир на содружници извршена е продажба по пат на спогодба на недвижен имот сопственост на Берлин Компани. Само еден ден по донесување на Одлуката за продажба на недвижен имот на Берлин Компани, К.М. имотот-деловен простор со површина од околу 630 метри квадратни, преку Нотарски Акт за купопродажба на недвижност, го продава на неговата сопруга Е.М. за вкупен износ од 2.177.000 денари со ДДВ (иако тој имот за плаќање данок од Општина Прилеп бил проценет во вредност од 15.426.217 денари). Второпријавената требала да го изврши плаќањето до крајот на 2013 година, но нејзиниот сопруг во име на Берлин Компани ѝ овоможил да се стекне со сопственост преку пренос на имотот без да биде започнато плаќањето, а во февруари 2013 година таа склучила договор за закупнина со друго правно лице во износ од 1.500 евра месечно, иако немала платено ниту една рата за исплата на имотот. Е.М. недвижниот имот почнала да го исплаќа во март 2013 година, а цела сума ја исплатила во три рати, до мај 2013 година.
Во март 2013 година Берлин Компани, застапувана од К.М. со Нотарски Акт врши продажба на уште еден објект-продавница, повторно на неговата сопруга за износ од 1.451.400 денари со ДДВ (иако тој имот за плаќање данок од Општина Прилеп бил проценет во вредност од 8.767.333 денари), со клаузула Е.М. износот да го исплати до крајот на 2013 година, кога продавачот е должен имотот да му го предаде во владение на купувачот. Вредноста за купениот недвижен имот Е.М. го исплатила повторно на три рати во јуни, септември и октомври 2013 година од средства повторно обезбедени од страна на нејзиниот сопруг како и од средствата добиени од закупнината која ја земала.
Од јануари 2013 година, односно откако од страна на Берлин Компани се продаваат двата деловни објекти на пријавената Е.М., нејзиниот сопруг во готово на своите сметки вршел уплати во неколку наврати износи од по 300.000 денари кои потоа ги давал како позајмици на Берлин Компани, за истите подоцна да му бидат вратени или да ги префрли на сметка на Е.М. Најголем дел од средствата кои К.М. ги добил од склучените Договори за консултантски услуги со двете компании, ги орочувал и постојано ги реорочувал за да ги искористи за купување недвижности за себе и за својата сопруга.