Правдико

   

Браќа Албанци фатени со кокаин вреден милион евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

18102016205247_web_kokainИталијанската полиција од градот Брено, провинција Брешија, уапсила двајца браќа Албанци под обвинение недозволена трговија на тешки дроги.

Уапсени се Б.Ј.(24) и Б.А.(20) кои живееле во Малегно, гратче во истата италијанска провинција. Во нивниот стан полицијата пронашла 3,4 килограми кокаин.

Полициски извори потврдуваат дека вредноста на дрогата е околу 150 илјади евра, но доколку би се продавала поделена на дози „заработката“ би достигнала милион евра.

Во меѓувреме грчката полиција во близина на Јанина запленила 132 килограми марихуана прошверцувана од Албанија. Уапсени се четири лица на возраст од 17 до 22 години, Албнци и Грци, меѓу нив и една 17-годишна Гркинка.

Извор:Нова Македонија

Партнери на Правдико