Брамерц: Укинување на пресудата на Шешељ е приоритет за Хаг | Правдико

Правдико

   

Брамерц: Укинување на пресудата на Шешељ е приоритет за Хаг

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

16052016114345_06042016160408_Серж БрамерцУкинувањето на првостепената пресуда, со која Воислав Шешељ е ослободен од обвиненијата за воени злосторства, е приоритетна задача на Хашкиот трибунал, изјави главниот хашки обвинител Серж Брамерц.

Тој минатата недела беше во посета на Сраево, каде во интервју за весникот „Дневни аваз“ истакна дека обвинителството во Хаг „силно се ангажира“ за укинување на ослободителната пресуда на лидерот на српските радикали.

– Сакам да бидам целосно јасен: не сме задоволни и знаеме дека пред себе имаме важна работа, нагласи Брамерц.

Исто така, тој потврди и дека многумина се незадоволни и разочарани од пресудата на Радован Караџиќ, бидејќи, иако е осуден, сепак со неа не е потврдено извршување на геноцид, освен во Сребреница.

Брамерц изјави и дека очекува провостепената пресуда за Ратко Младиќ да биде изречена до крајот на следната година.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико