Братот на осомничениот за убиството на Пино: За убиството дознав кога полиција ни дојде дома | Правдико

Правдико

   

Братот на осомничениот за убиството на Пино: За убиството дознав кога полиција ни дојде дома

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Братот на осомничениот за убиството на Пино Секондо денеска сведочеше во кривичниот суд. Тој рече дека не ја познава второосомничената Ангела Ѓорѓиевска и дека не знаел ништо за убиството, сè додека полицијата не дошла во нивната куќа.

„Сè што знам за убиството е од медиумите и од емисијата ‘Код’”, рече Бурхан Али.

Братучетката на Пино исто така сведочеше денеска. Таа раскажа за тоа како и кога ја запознала Ангела  Ѓорѓиевска, која е второосомничена за неговото убиство.

„Ангела му беше девојка за задоволување на сексуалните потреби”, сведочеше братучетката на Пино, Марија Трпковска. Тој тоа самиот ѝ го имал кажано, а Марија не ја прифаќала Ангела бидејќи, според неа, таа не прилегала на нивната фамилија, односно не се дотерувала и не била средена.

Еден ден пред да исчезне, на својата братучетка ѝ рекол „аман веќе од оваа”, мислејќи на Ангела, која упорно му пишувала и барала да се видат.

Судијката Ленка Давитковска следното рочиште го закажа за во вторник.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница. Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година.

Искра Манојлоска

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико