Братоубиство во Алдинци, го тепал брат му со секира и цевка до смрт | Правдико

Правдико

   

Братоубиство во Алдинци, го тепал брат му со секира и цевка до смрт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Жителот на крушевското село Алдинци кој беше најден мртов пред семејната куќа, го убил неговиот брат.Тој е осомничен и за напад на четиринаесетгодишно дете кое се здобило со повреди, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Прилеп.

policija-ubistvo-aldinci

Осомничениот се товари дека со умисла на свиреп начин го лишил од живот неговиот брат, напаѓајќи го најпрвин со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна поцинкувана цевка додека не го усмртил.

По извршеното убиство, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина  каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп каде му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.

Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико