Бразил: 14 лица побегнале од затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четиринаесет затвореници побегнале од затвор во бразилската сојузна држава Гојас, откако нападнале еден од чуварите.
Како што јавуваат локалните медиуми, еден од затворениците нападнал чувар и му го одзел оружјето, а потоа принудил друг чувар да ги отвори вратите. Полицијата сè уште трага по избеганите затвореници.
Месецов во неколку бразилски затвори имаше бунтови, при што загинаа неколку десетици луѓе.
Извор: Мета.мк