Брејвик поднесе тужба против Норвешка | Правдико

Правдико

   

Брејвик поднесе тужба против Норвешка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик денеска започна судски процес против норвешката држава обвинувајќи дека му се прекршени неговите човекови права, со тоа што е држен четири години во строга изолација во затвор.

01072015212340_brejvik
Брејвик тужбата ја поднесе во главниот суд во Осло. Тој во тужбата се повикува на Европската конвенција за човекови права и има за цел да го принуди Осло да му обезбеди поголем пристап до луѓе.

– Тој е изложен на многу екстремен степен на изолација – изјави адвокатот на Брејвик Ејштејн Сторвик, додавајќи дека неговиот контакт со други луѓе во најголем дел е сведен на чувари и затворски персонал.

Според адвокатот Брејвик има право да контактира со други лица, можеби и други затвореници, наспроти ризикот да биде нападнат.

Бреквик, кој сега има 36 години, активира бомба во центарот на Осло на 22 јули 2011 година при што загинаа осум лица, а потоа изврши напад на островот Утоја, каде уби 69 лица. Тој е осуден на 21 година затвор.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико