Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“ | Правдико

Правдико

   

Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се бремени. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, објави „Независен весник“.

Стевчо Соколовски, директорот на установата каде што се згрижени деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, вчера поднесе оставка од морални причини. Од Основното јавно обвинителство и натаму молчат и не одговараат зошто досега не презеле никакво дејствие за да ги санкционираат насилниците, кога уредно ги добивале кривичните пријави од полицијата.

Веста ја потврдиле од Клиниката за гинекологија, каде што се води бременоста на децата.

– Едното девојче за кое медиумите веќе пишуваа, како и уште едно друго, се ‘затворени’, односно бременоста им е прекината. Третото девојче има 17 години и не сака да абортира. Од наша страна е направено сѐ прекинот на бременоста да биде изведен најпрофесионално за децата во иднина да немаат репродукциски проблем, кога веќе психолошки се оптоварени – рекле од Клиниката за гинекологија.

Во домовите „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ се сместени околу 100 деца.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико