Правдико

   

Бремените и возрасните над 60 години да се ослободат од работа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги потсетува работодавците на нивната обврска за почитување на препораките за заштита на работниците, а во врска со најавите за неповолни временски услови и многу високи температури во наредните денови. По одржаниот состанок на Комисијата за топлотни бранови, се препорачува во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите други лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.
Исто така, препорака е да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено им се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во тој период.

Во следните три дена Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Црвениот крст на Македонија, ќе спроведуваат интензивни активности за згрижување на бездомните лица.

– За граѓаните од целата држава потсетуваме дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности и хигиенски начин на приготвување на храната. На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да контактираат со својот матичен лекар – соопштија надлежните.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико