Бремените жени остануваат дома, од 23 септември се враќаат на работа оние што беа на продолжено породилно отсуство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата ја информира јавноста дека на вчерашната 4. седница, врз основа на заклучоците на Главниот координативен кризен штаб, донесе соодветни одлуки, меѓу кои за враќање на работа и редовното извршување на работните задачи за вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи.
Другите вработени лица, кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење редовно породилно отсуство, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство.
Претходно, Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата и тие се ослободуваат од одење на работа.
Една од одлуките на Владата се однесува и на враќање на работните места и вработените лица што се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести, и тоа од среда, 23 септември. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.
Извор: Макфакс